Го фалсифувал датумот на раѓање и заработи суспензија

Сантос е олимписки вицешампион на 400 метри од Лондон во 2012 година и член на мешаната штафета на Доминиканската Република која пред две години на Олимписките игри во Токио го освои среброто на 4х400 метри.

Сантос, кој е роден на 12 ноември 1992 година, како јуниор ја фалсификувал годината на раѓање и настапувал како спортист роден 1993 година и како таков ја освоил светската јуниорска титула во Барселона во 2012 година, а сега таа титула му е одземена.

„Со оглед на правилата според кои само на спортистите кои имале 19 години на 31 декември 2012 година или помлади им беше дозволено да се натпреваруваат на тој шампионат, Сантос немаше право да се натпреварува“, објави АИУ.