Етиопијката Асефа го собори светскиот рекорд во маратон
Берлинскиот маратон уште еднаш потврди дека е најдобрата трка за испишување историски резултати. Тигист Асефа постигна нов светски рекорд во женска конкуренција истрчувајќи ја патеката од 42 километри со време од 2.11.53 часа. Во нашка конкуренција победата ја однесе одличниот Елиуд Кипчоге кој по петтипат триумфира на улиците на Берлин, овој пат со време од 2.02.42 часа.
26-годишната Етиопијка имаше незаборавна трка која предизвика бурни реакции кај публиката, а Кипчоге, која е и актуелен светски рекордер потврди дека е најдобриот на оваа делница.