Киеза налето се сели во Премиер лигата

Федерико Киеза налето би можел да го напушти Јувентус, пренесуваат медиумите на Апенините.

Киеза има договор до 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а нема најави за негово продолжување.

Киеза бара значително зголемување на платата за да потпише нов договор, а челниците на Јувентус немаат намера да му ја зголемат сегашната плата на фудбалерот кој пропушти повеќе од половина од натпреварите на тимот во последните две сезони.

Поради тоа Јувентус е спремен да го продаде на лето за да заработи на неговото заминување, а интересот за Киеза е голем.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Њукасл ќе ја водат главната битка за неговиот потпис, а Јувентус за слободата бара 50 милиони евра.