Откажана трката за ГН на Индија во МотоГП
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2024/05/motogp-ap-2024-04-155c16c5c5393bfbfc25465b7399a435.jpg)
Овогодишната трка за Големата награда на Индија во МотоГП е откажана поради оперативни причини, соопштија денеска организаторите, додавајќи оти трката ќе се врати во календарот за 2025 година.
Минатогодишната премиерна трка во Индија се одржа во топли и влажни услови во септември и беше скратена за три круга откако возачите побараа приспособување на растојанието на трката.
„ФИМ, ИРТА и Дорна спортс објавуваат дека Големата награда на Индија нема да се одржи во 2024 година и Мото ГП го одложува своето враќање во земјата за почетокот на 2025 година поради оперативни причини“, се вели во соопштението на МотоГП.