Пеп потврди дека Грилиш ја обнови повредата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше
повредата на неговиот играч Џек Грилиш, која Англичанецот ја доби
во осминафиналето на ФА Купот со Лутон (2-6).
„Не сум разговарал со докторот, но мислам дека тоа беа препоните.
Многу ми изгледа како повреда на препоните. Се чувствуваше многу,
многу добро, но за жал се повреди. Тоа беше тешка сезона за него, тој
треба добро да се опорави“, изјави Гвардиола.
Да потсетиме Грилиш беше заменет во 38. минута од натпреварот.
Играчот го напушти теренот со поткривнување.
Сезонава Грилиш одигра 27 натпревари во сите натпреварувања,
постигнувајќи три гола и асистенции. Проценетата цена на
фудбалерот е 70 милиони евра.