Половина Барса на пат за Саудиска Арабија

Како што пренесува утринава „Мундо депортиво“, Барселона летово може да продаде неколку фудбалери во Саудиска Арабија.

Дури шестмина фудбалери на оваа екипа се мета на клубовите од Арапскиот Полуостров, а прв кој би можел да замине е Жил Кунде, фудбалер кој пристигна по барање на поранешниот спортски директор на клубот. Рамон Планес. Тој сега е дел од Ал-Итихад и го сака Кунде во својот тим.

Покрај него, интерес има и за Роберт Левандовски, Тер Штеген и Рафиња, но реално е дека сите тројца и следната сезона ќе останат во редовите на Барселона и покрај големиот интерес од клубови од Саудиска Арабија.

За Клемен Ленгле исто така има интерес од Саудиска Арабија, но неговата желба е да остане во Европа. Последниот во низата и официјално е член на Барселона, но само околу 20 дена Жоао Феликс, кој се враќа од позајмица во Атлетико Мадрид и кој има сериозни понуди од Саудиска Арабија, пишува споменатиот весник.