Рој Хоџсон е нов тренер на Кристал Палас

Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон, е назначен за нов тренер на Кристал Палас. Тој ќе го води премиерлигашот од Лондон до крајот на сезоната.

75-годишниот тренер и претходно го водеше Кристал Палас, во периодот од 2017. до 2021.година. Хоџсон меѓу другото беше и селектор на фудбалските репрезентации на Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Финска. а селектор на Англија беше од 2012. до 2016. година.

Во клупскиот фудбал, Хоџсон беше тренер на Интер, Блекбурн, Фулам, Ливерпул, ВБА и Ватфорд. Кристал Палас пред неколку дена го промени тренерот Патрик Виера, поради серијата на лоши резултати.