Седлоски сменет. Станиќ е нов тренер на Работнички

Откако утрово објавија дека Гоце Седлоски спогодбено го раскинал договорот, од ФК работнички веднаш го пронајдоа и неговиот наследник.

Од клубот од Дебар Маало веќе објавија дека за нов шеф на стручниот штаб го именуваат Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков. 

Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.