Тер Штеген оди на уште една операција?

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Марк андре тер Штеген размислува за операција на грбот, повреда поради која ќе паузира со месеци, на Барселона и одговара едно вакво сценарио и ќе ја искористи ситуацијата за да го регистрира Жоан Гарсија.
Иднината на Марк андре тер Штеген на Камп Ноу е под голем знак прашалник откако пристигна Жоан Гарсија, а тренерот Ханси Флик го извести својот сонародник дека повеќе нема да биде стартер.
Голманот изминативе денови работеше индивидуално и дополнително ги разгоре шпекулациите за негово заминување.
Но медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Тер Штеген всушност се мачи со повреда на грбот и размислува за операција.
Доколку Германецот замине под нож, ќе паузира со месеци, одредени извори пишуваат за пауза од 4 до 6 месеци.
Колку и да звучи лошо, на Барселона и одговара едно вакво сценарио бидејќи привремено ќе може да ја суспендира регистрацијата на Тер Штеген и да искористи 80% од неговата плата.
Голманот има бруто плата од околу 16 милиони евра, па Барса ќе може да го регистрира Жоан Гарсија, како и да се отвори простор за додатни засилувања.