Три поранешни европски прваци го сакаат Начо
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2024/04/naco-2-1024x576.jpg)
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неколку европски гиганти веќе ја почнаа трката за неговиот потпис.
Начо е дел од Реал Мадрид од 2001 година, а за првата екипа игра од 2011 година и изгради легендарен статус во клубот.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни одлучиле да се разделат, па дефанзивецот е слободен агент.
Интер, Јувентус и Манчестер Јунајтед веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го доведат без обештетување, а според медиумите Начо преферира да се пресели во Серија А.