Јуве нуди 60 милиони евра за Копмајнерс

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата. Приоритет на Јувентус ќе биде засилување на средниот ред, а Копмајнерс е на врвот на листата желби.

Агентот на Копмајнерс го потврди интересот на Јувентус, а „бјанконерите“ веќе работат на трансферот за да ја победат големата конкуренција.

Интерес за Холанѓанецот покажуваат и клубови од Премиер лигата, а Аталанта за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра.