Абердин спремен добро да го наплати заминувањето на Миовски
Извршниот директор на шкотски Абердин, Алан Бароус, ги предупреди клубовите кои се заинтересирани за нашиот репрезентативец Бојан Миовски дека ќе мора да издвојат големи пари доколку сакаат ова лето да го добијат нашиот голгетер.
Абердин плати 550.000 фунти за Миовски при трансферот од МТК, но неговата цена по одличната сеозна во шкотската елита е многу поголема.
„Кога играчите работат добро, другите тимови се интересираат за нив. На некој начин, тоа е комплимент за клубот. Ако некој ги сака нашите најдобри играчи, особено оние како Дук и Миовски кои имаат долги договори со клубот, ќе мора да излезат со големи понуди и фер цена за нив. Бараме начин да изградиме тим. Истовремено, сакаме да бидеме конкурентни во домашните натпреварувања, па дури и во Европа. Затоа, ако некои сакаат да се обидат да го нарушат тоа, ќе мора да платат прилично висока цена, тоа е сигурно“, вели Бароус.