Абидал: Барса ќе го вратеше Нејмар, но Бартомеу го купи Гризман

Абидал беше директор во Барселона во мандатот на Жосеп Бартомеу, па откри детали од неговиот престој на „Камп Ноу“. „Десет дена пред крајот на преодниот рок бев во Париз да разговарам со Леонардо, со мене беше и извршниот директор Грау и зборувавме за Нејмар. Мислам дека ако извршниот директор доаѓа во ПСЖ, тоа е затоа што можеме да го потпишеме. Ако претходно не го донесовме Гризман, мислам дека 100 проценти можевме повторно да го потпишеме Нејмар, бидејќи ни беше потребен крилен напаѓач. Меѓутоа, претседателот одлучи да потпише со Гризман“, открива Абидал. Абидал откри дека после отказот на Ернесто Валверде сакал да го донесе Покетино на „Камп Ноу“, но бил одбиен од страна на Управниот одбор.