Абрамович за еден од најдобрите напаѓачи дава повеќе од 100 милиони евра
Роман Абрамович е подготвен во наредниот летен трансфер период повторно да ја „наполни“ екипата со ѕвезди, па од следната сезона да ја нападне титулата во англиското првенство. Во тој поход, би му помогнал Ерлинг Халанд, за кој е подготвен да плати вистинско богатство.
Според пишувањата на англиските медиуми, 20-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд е означен како најголема желба на сопственикот на Челзи, а Абрамович нема намера да штети како би го довел во клубот. Свесен е за услугите на фудбалерот, кој за Дортмунд во 43 натпревари постигна исто толку погодоци и забележа 10 асистенции. Заинтересирани се и други великани како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Барселона, но русинот веќе потврди дека клубот е подготвен да се замеша во трката.