Абрамович оптимист: Со Тухел ќе се бориме за титулата

Роман Абрамович процени дека има доволно време неговиот тим да се врати во битката за титулата предводен од новиот тренер, Томас Тухел, кој вчера потпиша договорот за наредните 18 месеци.
Иако „сините“ се на деветтото место со 11 бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед, Абрамович е уверен дека тимот има доволно квалитет да се бори за шампионскиот пехар во Премиер-лигата.
Ќе потсетиме дека лондончани по лошата серија, вчера, ја прекинаа соработката со менаџерот, Френк Лампард.