Абрамович ја купува шпанска Валенсија?
Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович може да добие нов фудбалски клуб. Според „АС“, рускиот милијардер е заинтересиран да ја купи Валенсија. Навивачите на шпанскиот тим се надеваат дека со евентуална промена, позицијата на клубот значително ќе се подобри.
Актуелниот сопственик на Валенсија, Петер Лим се обиде да му го продаде клубот на Абрамович пред две години, кога тој бараше 250 милиони евра, колку што беа долговите. Абрамович стана сопственик на Челзи во 2003 година. По санкциите на руските олигарси во 2022 година поради војната во Украина, бизнисменот беше принуден да го продаде англискиот клуб.
За време на ерата на Абрамович, Челзи стана шампион на Англија пет пати во 19 години, го освои ФА Купот пет пати, Лига Купот три пати, ФА Суперкупот два пати, двапати ја освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа и го освои Суперкупот на УЕФА. Еднаш триумфираше во светското клупско првенство.