Абрахам може да го замени Милан со соседниот Интер

Тами Абрахам речиси сигурно ќе ги промени клупските бои ова лето – по завршувањето на сезоната ќе се врати во Рома, но можно е таму да не се задржи долго.
Англискиот напаѓач сезонава настапуваше за Милан, но не успеа целосно да се наметне, па се очекува враќање во редовите на „волчицата“, со која има важечки договор до 2027 година. Сепак, според последните информации од Италија, Интер сериозно ја следи ситуацијата околу неговиот статус.
Симоне Инзаги е голем почитувач на квалитетите на Абрахам и го гледа како потенцијално решение за нападот во новата сезона. „Нераѕурите“ би можеле да понудат позајмица со опција за откуп, што би било прифатливо и за Рома, која би сакала да го врати играчот во форма, но и да го ослободи од платниот список.
По тешката повреда што го оддалечи од терените, 26-годишниот напаѓач сè уште се обидува да ја врати старата форма, а нова средина како Интер би можела да му отвори ново поглавје во кариерата.