Аврамовски стрелец во ремито на Болуспор против Бодрумспор

Македонскиот напаѓач Даниел Аврамовски го постигна четвртиот гол во дресот на Болуспор, кој беше доволен за реми против Бодрумспор (1-1) во 27. коло од турската Прва лига.

Аврамовски постигна гол во 19. минута од натпреварот, а само три минути подоцна Бајракдар стрелаше за 1-1, по што до крајот на средбата не се менуваше резултатот.

Болуспор има 43 бодови и се наоѓа на седмата позиција која носи во плејофот за пласман во турската Суперлига.