Аврам Глејзер ги продава акциите од Манчестер Јунајтед
Еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер, најави дека ќе ги продаде своите акции во клубот. Цената на истите во моментов се проценува на околу 100 милиони долари. Ова ќе значи дека семејството Глејзер по заминувањето на Аврам ќе остане со околу 3% помалку акции во Манчестер Јунајтед. Во моментов, Американците поседуваат 78% од имотот, а по раздвојувањето со споменатиот акционер, процентот ќе се намали на 74,9%. Одлуката е донесена само една недела откако клубот ги објави своите најнови финансиски резултати, според кои вкупните долгови на Манчестер Јунајтед се зголемија на 455,5 милиони фунти или за 64,5 милиони повеќе од минатата година.