Австриецот Лајмер прво засилување на новиот Баерн
Баерн денес и официјално го потврди трансферот на Конрад Лајмер. Како што објавија од клубот, договорот со Лајмер е заклучен и тој ќе биде со важност до 30 јуни 2027 година.
26-годишниот централен играч за врска се сели во Минхен како слободен играч од победникот на Купот на Германија, РБ Лајпциг.
„Ова е остварување на сонот за мене. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Ќе дадам сè за клубот и навивачите. Баерн секогаш има највисоки цели – исто како и јас. Едвај чекам да почнеме“, изјавил Лајмер.