Австриецот Хутер го продолжи договорот со Монако
Тренерот на француски Монако, Адолф Хутер го продолжи договорот со клубот.
Договорот на специјалистот истекуваше на крајот од сезоната, но пред неколку дена доби нова понуда која ја прифати. Новиот договор на Хутер со Монако е до летото 2027 година.
Хутер го презеде тимот во летото 2023 година. Под негово водство тимот одигра 60 натпревари на кои забележа 35 победи, 11 нерешени и 14 порази. По 16 одиграни натпревари во Лига 1, Монако со 30 бодови е на третото место.