Австриецот Чофениг е севкупен победник на Светскиот куп во ски-скокови

Австриецот Даниел Чофениг е вкупен победник во Светскиот куп во скијачки скокови, откако денеска во Планица го освои четвртото место. На својот 23. роденден, Чофениг го обезбеди големиот кристален глобус со скокови од 234,5 и 233,5 метри, откако неговиот единствен конкурент за титулата, сонародникот Јан Херл, го освои осмото место.

Чофениг зад себе има сезона од соништата бидејќи победи на престижната Новогодишна турнеја и има осум победи, а до оваа сезона најголем успех му беше деветтото место во генералниот пласман на Светскиот куп.

Зад Чофениг и Херл, третото место во генералниот пласман го освои нивниот сонародник Штефан Крафт, комплетирајќи ја првата тројна победа од една нација во историјата на Светскиот куп во скијачки скокови.

На денешниот натпреварувачки ден на Планица, победа на домашен терен извојува Словенецот Домен Превц (234.5м, 237.5 м), пред сонародникот Анже Ланишек и Јапонецот Рјоју Кобајаши.