Автогол на Гаштаров, само реми за Црвена Звезда против Копенхаген

Фудбалерите на Црвена звезда не успеаја да го победат Копенхаген во Конференциската лига. Во Белград натпреварот заврши 2-2.
Црвена звезда како и против Лугано ќе направеше од готово вересија. На крајот сепак освоија еден бод.
Македонскиот репрезентаивец, Матеј Гаштаров одигра добар натпревар, но неговата несмасна реакција им донесе водство на гостите во 29-та минута. Лошо изфрли една нафрлена топка и на ефектен начин го совлада својот голман.
Црвено-белите во наредните седум минути направија пресврт, со два брилијантни гола. Најпрвин на Елшник, а потоа Костов изведе мало ремек дело.
Гостите, кои во текот на целиот меч беа во подредена положба, изедначија преку Каризо во 70-та минута, што се испостави дека е конечен резултат.