Агелер ги прими претседателот Мукаетов и македонската ракометна репрезентација

Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот Кире Лазаров и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше примена во Амбасадата на САД.
Амбасадорката Ангела Агелер, која им дава поддршка на ракометарите од трибините а беше и со претседателот Мукаетов на натпревар од СП во Вараждин, одлучи да ја покани целокупната репрезентација на мала свеченост.
РФМ упати голема благодарност за приемот и подршката од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.