Агентите и менаџерите добро се опариле од трансферите во Премиер лигата
Клубовите од англиската фудбалска Премиер-лига платиле вкупно 272,2 милиони фунти како трошоци за агентите задолжени за трансфери од почетокот на 2020 година до февруари 2021 година. Во тој период, тимот на Челзи има најмногу трошоци и покрај пандемијата со ковид-19. Лондончани ги привлекоа Тимо Вернер, Хаким Зијаш, Бен Чилвел, Каи Хаверц и Едвард Менди а нивните менаџери добија вкупно 35,2 милиони фунти. Лидерот на табелата, Манчестер Сити потроши 30,1 милиони фунти на провизии на агенти додека Манчестер Јунајтед им плати 29,8 милиони фунти на менаџерите. Најмалку пари потроши Вест Бромвич – 4,2 милиони фунти.