Агентот на Жоржињо одреди дека неговиот клиент вреди 50 милиони!

Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо одигра фантастична сезона и е еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство. Агентот Жоао Сантош откри дека неколку европски гиганти го сакаат Италијанецот и ја откри неговата цена.
„Жоржињо има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, изјави агентот.
После фантастичната сезона тешко е да се поверува дека Челзи ќе се согласи за продажба на плејмејкерот и е спремен да му понуди нов договор.