Агире одбил четири понуди пред да дојде во Валенсија

Мексиканскиот тренер откри дека бил задоволен со семејниот живот, но повикот од „Местаља“ не можел да го одбие.
Хавиер Агире откри дека одбил понуди од четири клубови пред да ја прифати можноста да ја преземе Валенсија.
„Одбив четири работни места и бев среќен што поминувам време со семејството. Но, кога ми се јави Валенсија, ѝ реков на сопругата дека морам да дојдам овде. Таа го сака фудбалот повеќе од мене и беше многу возбудена“, изјави Агире.
Мексиканскиот стратег потпиша договор со Валенсија до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена за уште една година. Не откри од кои клубови ги одбил понудите.
За Агире ова ќе биде седмиот шпански клуб кој ќе го предводи, по Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.
Тој неодамна го заврши својот трет мандат на селекторската функција во Мексико, по поразот од Англија во осминафиналето на Светското првенство.
Новиот предизвик за 67-годишниот тренер нема да биде лесен. Валенсија загуби пет од првите седум натпревари во Ла Лига и се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Тој ќе му биде тренер на нашиот Столе Димитриевски кој во моментов е со националниот тим во Љубљана, каде вечерва го очекува меч од 2. коло во Лигата на Нации против Словенија.