Агуеро двапати го одбил Јувентус

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро, минатото лето на двапати одбил понуда да се приклучи на екипата на Јувентус, пишува шпанскиот Спорт.ес. На крајот, Агуеро како слободен играч го напушти Манчестер Сити и потпиша за Барселона.

Пред да потпише со Каталонците, Агуеро одби две понуди од “старата дама“, известувајќи ги Италијанците дека негова голема желба е да игра во ист тим со неговиот сонародник Лионел Меси.

За жал на Агуеро, Меси не успеа да го продолжи договорот со Барселона и замина во Париз Сен Жермен.

Престојот на Аргентинецот во Барса не започна на најдобар начин, бидејќи се здоби со повреда уште во подготвителниот период пред стартот на сезоната и со тоа ги пропушти првите натпревари од првенството на Шпанија.