Агуеро изненаден од случувањата во Барселона
Серхио Агуеро летово премина како слободен играч во Барселона. Имаше долго нагодување за тоа дали каталонскиот клуб ќе може да го регистрира, со оглед на проблемите со финансискиот фер -плеј. Благодарение на неколку соиграчи кои се откажаа од дел од платата, „Блауграна“ сепак го регистрираше Аргентинскиот напаѓач.
Сепак, неговите хронични проблеми со повредите, кои започнаа во Манчестер Сити, продолжија и во новиот клуб.
Шпанските медиуми шпекулираат со времето што ќе му треба за да се опорави, но се чини дека речиси сигурно нема да го видиме на теренот во септември.
Агуеро откри дека забележал голема разлика помеѓу Сити и Барселона.
„Доаѓавме во Сити час и половина пред тренинг, но сите доаѓаат тука триесет минути порано. Се обидов да дојдам барем еден час порано за да вежбам во теретана, но таму немаше никој. Се беше затворено, не можам да го разберам тоа.“ – рече Аргентинскиот напаѓач.