Агуеро пресреќен по дебито во дресот на Барса
Кун Агуеро синоќа ги одигра првите минути во дресот на Барселона која со пресврт дојде до победа од 3-1 над Валенсија.
Агуеро во игра влезе во 87. минута, ги одигра последните неколку минути од мечот, но беше среќен што конечно дебитираше.
„Пресреќен сум за моето деби, долго го чекав овој момент. Тоа беше добро деби бидејќи победивме, а тоа е најважно. Беше убаво да се слушнат фановите како го скандираат моето име, и знам дека сега е мој ред да им вратам за нивната љубов“.