Адана Демирспор остана без три бода заради напуштањето на теренот

Фудбалскиот клуб Адана Демирспор е казнет со службен пораз од 0-3 и одземање на три бода по натпреварот од турското првенство против Галатасарај, соопшти турската фудбалска федерација.

Санкцијата е изречена затоа што на 9 февруари фудбалерите на Адана Демирспор го напуштија теренот во знак на протест откако против нив беше досуден пенал на гостувањето кај Галатасарај во 23. коло од турскиот шампионат. Следниот ден претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка.

Адана Демирспор е на последното место на табелата во турското првенство. Тимот сега има 2 бода по 22 кола.