Адвокат заплака по историскиот бод против Еквадор

Курасао направи огромен чекор кон историјата на Светското првенство откако во второто коло одигра 0:0 против Еквадор и освои бод кој може да биде пресуден во битката за пласман во нокаут-фазата.
Иако поголемиот дел од натпреварот беа под силен притисок од противникот, избраниците на Дик Адвокат издржаа и стигнаа до резултат кој веќе се смета за еден од најголемите во историјата на оваа карипска репрезентација.
Еквадорците постојано се закануваа, но блескава партија прикажа голманот Елој Рум, кој повторно ја сочува својата мрежа и се претвори во еден од најголемите херои на Курасао.
По натпреварот, селекторот Дик Адвокат не го криеше задоволството од прикажаното.