Адебајор стави крај на фудбалската кариера

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Того, Емануел Адебајор соопшти дека става крај на својата играчка кариера.
Адебајор објавата за крај на кариерата ја соопшти на својот Инстаграм профил.
-Мојата кариера беше неверојатно патување. Му благодарам на навивачите што беа со мене на секој мој чекор. Возбуден сум за она што следува во иднина- стои во објавата на Адебајор.
39-годишниот сега поранешен фудбалер својата кариера ја започна во Мец, а потоа настапуваше за Монако, Арсенал, Манчестер Сити, Реал, Тотенхем, Кристал Палас, Башакшехир, Kајзери, Олимпија и Семаси.
За репрезентацијата на Того има одиграно 85 натпревари и постигна 32 гола. Адебајор во 2008.година беше прогласен за најдобар африкански фудбалер