Адеми донесе златна победа за Динамо во Ријека
Динамо Загреб вчера славеше на гости кај Ријека со 1-2, а до триумфот Динамо дојде благодарение на голот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во 86. минута.
Водство на Ријека претходно донесе Адам Гнезда Черин уште во шестата минута. Махир Емрели изедначи на 1-1 во 79. минута за потоа Адеми да го реши дербито. Стефан Ристовски во тимот на Динамо на теренот беше до 77. минута, додека Дарко Велковски кај Ријека играше до 82. минута.