Адеми и Ристовски слават, Динамо го победи првакот на Словачка во гости

Со убедливите победи на Динамо Загреб и ПСВ Ајндховен започна четвртото коло во Лигата на шампионите. Динамо, во Братислава го победи Слован со 4-1, а ПСВ славеше во дуелот со Џирона.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми играше од 63.минута во Братислава каде Динамо го победи Слован.

По дебаклот во првото коло од Баерн, Динамо одигра нерешено со Монако и славеше над Салцбург и Слован. Прв пат од далечната 1998 година Динамо забележа две победи по ред во ЛШ, а прв пат во историјата „модрите“ во ЛШ победија на два последовни натпревари.

Динамо има седум бода по четири кола и блиску е до пласман во нокаут фазата.