Адеми си замина од Ујпешт и најави враќање во Хрватска

Поранешниот наш фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, иако има договор со Ујпешт до летото во 2027 година, би можел да се врати во Хрватска, пренесува – „ТПортал“.

Според наведеното за него се заинтересирани Горица и Рудеш. Адеми пристигна во Унгарија во 2025 година откако ја заврши одисејата во кинескиот клуб Пекинг Гуан.

Поранешниот легендарен капитен на Динамо Загреб има играно и за екипите на Шибеник и Локомотива Загреб.