Адеми стрелец, Динамо ја прекина серијата лоши резултати

Maкедонскиот репрезентативец, Аријан Адеми се запиша во листата на стрелци во денешната победа на Динамо над Осиек од 2-0 на домашен терен.
Адеми не беше помеѓу стартерите и во игра влезе во 54. минута за 15-тина минути подоцна да ги постави конечните 2-0. Динамо претходно во првото полувреме поведе со погодкот на Сучиќ.
Комплетните 90 минути за Динако ги одигра вториот македонски фудбалер во овој тим, Стефан Ристовски.