Адетекумбо го чека подолга пауза, повредата не е наивна
Јанис Адетекумбо кој се повреди на мечот со Чикаго ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи.
Кошаркарот на Милвоки кој настапи само 20 секунди на „Ол-стар“ мечот изјави, дека имал желба да игра подолго но, болката во десниот зглоб била преголема.
Тој во сезонава има одиграно 47 мечеви со просек од 31,8 кошеви, 12,2 скокови и 5,4 асистенции.