Адетокунбо ќе игра за Грција на претстојното Европско првенство

Претседателот на грчкиот кошаркарски сојуз соопшти дека играчот на Милвоки, Јанис Адетокунбо ќе настапи за репрезентацијата на Грција на Европското првенство.

27-годишниот крилен центар во 2019 и 2020 година беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од НБА лигата.

Минатата година со Милвоки беше шампион на НБА и беше прогласен за МВП во финалната серија.

Грција на ЕП ќе игра во групата Ц заедно со селекциите на Естонија, Украина, Велика Британија, Италија и Хрватска.

Европското првенство ќе се одржува од 1. до 18. септември, во четири држави.