Адејеми од Борусија Дортмунд понуден на Јувентус

Борусија Дортмунд е спремна да го продаде напаѓачот Карим Адејеми ова лето, а неколку европски гиганти се заинтересирани.

Најсилен интерес покажува Јувентус кој веќе почнал да работи на трансферот и имал средба со менаџерот.

Пред две години Адејеми пристигна од РБ Салцбург за 30 милиони евра, но не може да се каже дека во целост ги оправда очекувањата.

Наводно „милионерите“ се спремни да го продадат за сума од 35 милиони евра, а Јувентус ќе се обиде со преговори додатно да ја намали таа сума.