Адријан Њуи го напушта Ред Бул по 19 години

Навивачите на Ред Бул деновиве одново беа потресени од веста дека Адријан Њуи го напушта тимот по 19 години, а тоа ги подгреа шпекулациите дека тој би можел да се пресели во редовите на Ферари.

Веќе неколку недели секогаш се шпекулираше дека Ферари со сите сили се обидува да го убеди Њуи да го напушти Ред Бул на крајот од сезоната и да се пресели во италијанскиот тим, а оваа вест шокираше многумина.

Њуи е секако еден од најдобрите инженери кои Формула 1 некогаш ги имала, а неговата одлука навистина ги шокираше фановите на Ред Бул.

Тој официјално ќе ја напушти функцијата шеф на техничкиот тим на Ред Бул, на почетокот на 2025 година, но од австрискиот тим наведуваат дека тоа не значи дека ќе го напушти овој тим, туку дека добил нова функција.

Ред Бул наведува дека Њуи ќе работи на проектот за хиперавтомобилот РБ17, кој ќе биде претставен кон средината на оваа година.