АЕК со голема фешта го пречека Марсијал

Околу 2.000 навивачи на АЕК Атина синоќа му приредија импресивно добредојде на новото засилување на грчкиот тим – Ентони Марсијал. На аеродромот во Атина, поддржувачите на тимот пееја песни, го скандираа неговото име и запалија факели, создавајќи неверојатна атмосфера.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед пристигнува со слободен трансфер, а неговиот договор ќе биде на 3 години. Французинот во овој период ќе добие 7,5 милиони фунти со што ќе стане најскапо платен фудбалер во историјата на АЕК.
28-годишниот Марсијал разговараше и со други тимови, вклучувајќи го и бразилскиот Фламенго, но на крајот го избра грчкиот гигант.