Азар, Иско и Марсело ставени на трансфер листа во Реал Мадрид

Реал Мадрид на лето ќе прави голема реконструкција на тимот, а некои од актуелните ѕвезди ќе бидат ставени на продажба. Шпанските медиуми пренесуваат дека меѓу нив ќе биде и Еден Азар. Белгиецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100 милиони евра плус бонуси, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го продаде Азар за 50 милиони евра, што е помалку од половина од сумата која ја платија „кралевите“ за него.
На продажба исто така се ставени Иско и Марсело, кои оваа сезона се во втор план кај Зидан и клубот веќе им ја отвори излезната врата.