Азар: Лага е дека сум несреќен во Мадрид
Еден Азар истакна дека е среќен во Реал Мадрид и се надева дека во иднина ќе игра повеќе.
Повредите претставуваат проблем за Азар уште од кога дојде помеѓу „кралевите“ во 2019 година. Често Белгиецот беше мета на критики и во последните месеци се шпекулираше дека може да си замине.
„Не е вистина дека не сум среќен во Реал. Задоволен сум. Знаете дека секој играч е среќен кога игра. Не играв долго и не постигнував голови, но тоа не влијае на љубовта која ја чувстувам кон клубот. Ситуација се искомплицира поради коронавирусот, но среќен сум“, изјави Азар.
Азар има договор со Реал Мадрид до 30 јуни. 2024 година.