Азар најави болна одлука!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар размислува да се повлече од репрезентацијата на белгија по завршувањето на Светското првенство во Катар идната година, но дефинитивната одлука ќе ја донесе тогаш.

Говорејќи за клупските планови, истакна дека очекува добра сезона, како за него, така и за неговиот клуб. Сепак, мораше да зборува и на тема повреди, на кои е склон во последните години.

„Луѓето секогаш зборуваат дека се повредувам. Тоа е точно, но кога ќе ја видат мојата кариера, не постои играч кој одиграл повеќе од мене во последните 10 години.“ – вели Азар.

Тој истакнува дека се чувствува прилично добро, иако се уште не е 100 отсто подготвен.

„Понекогаш е тешко да се излезе на крај со повреда, бидејќи сакаш што повеќе време да поминеш на теренот. Тоа се најлошите моменти. Понекогаш тоа е тешко да се сфати, работиш се што треба и тоа не е доволно.“ – истакнува Белгијанецот.