Азар не се премислиува, ја заврши репрезентативната кариера
Еден Азар откри дека неговото повлекување од репрезентацијата на Белгија не е поврзано со лошиот настап на „црвените ѓаволи“ на СП 2022. Белгијците не успеаја да ја поминат групната фаза во Катар, а веднаш потоа, Азар беше еден од играчите кои објавија дека ја завршуваат меѓународната кариера.
„Мислам дека тоа беше неопходно. Веќе имав одлучено пред Светското првенство, но тажен сум што бевме елиминирани толку рано. Кога се појави веста за моето пензионирање, бев во Њујорк со моето семејство. За малку ќе заплачев, најмногу поради реакцијата на моите соиграчи. Ми го стоплија срцето. Моето семејство веќе знаеше. И тие беа тажни и реагираа речиси исто како и навивачите. Но, сега тие се среќни бидејќи можам да поминувам повеќе време со нив“, вели играчот на Реал Мадрид.