Академија Пандев не ја прифати оставката на тренерот Стојчев
Академија Пандев не ја прифати оставката на тренерот Ѓорѓе Стојчев.
Откако „пандевци“ не победија на последните два натпревари со Скопје и Борец, против Скопје беа и поразени Ѓорѓе Стојчев ја презема одговорноста и си поднесе оставка од местото прв тренер.
Сепак, денес од клубот соопштија дека неговата оставка не е прифатена и тој ќе остане да го води тимот.
„На денешниот состанок на Управниот одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА. Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сенирскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина“, соопштија од Академија Пандев.