Академија Пандев не ја прифати оставката на Васоски

Александар Васоски останува тренер на фудбалскиот прволигаш Академија Пандев. Васоски си поднесе оставка од тренерската позиција после поразот од Работнички со 0:2, но раководството на струмичкиот клуб сепак не ја прифати оставката. Раководството на Академија Пандев верува дека Васоски и понатаму е вистинско решение за екипата и дека заедно со фудбалерите ќе успеат да ја пребродат резултатската криза.
Академија Пандев се наоѓа на претпоследното место на табелата во Првата лига, и има освоено само осум бодови.