Аке се повреди, го чека пауза од еден месец
Ремито со меѓу Холандија и Германија во Лигата на нации беше одбележано со незгодната повреда на дефанзивецот на „лалињата“, Нејтан Аке.
Се чинеше дека се здоби со сериозна повреда непосредно пред паузата кога падна на земја и не можеше да стане. Аке потоа беше однесен на носилки и заменет со Јуриен Тимбер. Сеуште не е познато колку долго дефанзивецот ќе отсуствува, бидејќи се очекува да ги помине целосните медицински прегледи во текот на денешниот ден, но првичните прогнози укажуваат дека тој би можел да паузира околу еден месец.
Аке беше еден од главните столбови на одбраната на Манчестер Сити минатата година кога забележа 44 настапи со 3 гола и 2 асистенции. Сепак, од почетокот на оваа сезона, менаџерот Пеп Гвардиола има многу помала доверба, а дефанзивецот досега имаше само еден настап во Премиер лигата како замена.