Ако Де Зерби добие отказ, ќе го замени Хирцелер

Фабијан Хирцелер е фаворит за наследник на Роберто Де Зерби на клупата на Тотенхем, доколку раководството на лондонскиот клуб реши да се раздели со италијанскиот стратег.
Хирцелер е на врвот на листата на потенцијални кандидати за нов тренер на Тотенхем, додека второ име на листата е Киран Мекена, актуелниот тренер на Ипсвич.
Де Зерби има тежок старт на сезоната со Тотенхем, а клубот по пет кола се наоѓа на дното на табелата со само два освоени бода. Поразот од Астон Вила дополнително го зголеми притисокот врз италијанскиот тренер.
Хирцелер, пак, веќе има искуство во Премиер лигата, каде што го предводи Брајтон. Неговиот профил е високо ценет, а токму германскиот стратег се смета за еден од кандидатите доколку Тотенхем реши да ја промени тренерската позиција.
Како алтернатива се споменува Мекена, кој во последните сезони привлече внимание со работата во Ипсвич.
Засега, сепак, нема официјална одлука за смена на Де Зерби. Италијанецот останува тренер на Тотенхем, а евентуалната промена би зависела од резултатите во продолжението на сезоната. Сепак, треба да се има во предвид дека лондонскиот тим ќе треба да плати и висока отштета доколку се одлучи предвреме да му го раскине договорот.